ваков (прид.) - ден (имн.)

Излегува. Излегува во едно свежо сончево утро, како нарачано за еден ваков ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пјештани тонеше во магла и така, во вакви дни, вели Вангел Поповски, ракводител на Бетон на градилиштето на Купелни Остров, градот се преоблекува во поинакво руво, различно од тоа кога грее сонце и кога нема магла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- За тоа не бери гајле! Каква би била јас домаќинка ако не заштедам за вакви денови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој од нас не сакаше на ваков ден надвор да излезе со женска шамија преку глава. Та нели машки бевме!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беа двајца пријатели и беа создадени за да бидат вакви цели во себе и сами и судбината како да ги имаше одбирано за да ги сретне еднаш, во еден ваков ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пелагија по втор пат се соочува со Богородица, еднаш веќе се помирија, Пелагија ѝ прости за она што се случи дамна токму на ваков ден во нивното село, ама дали во тоа простување беа споменати и страдањата што траат од тогаш досега?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Нема да излегуваш, нема да излегуваме? - Не ми се излегува. По ваков ден, каков што имав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зашто, заборавив да речам, одморите во вакви денови ни беа помили од сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зашто, заборавива да речам, одморите во ваквите денови не беа помили од сè .
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)