При градењето на Вавилонската кула, Господ бил тој што ја одредил и мерката и казната. Ги измешал јазиците на луѓето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не го создал Бог прво еврејскиот јазик, ниту римскиот, ниту грчкиот, туку сирискиот на кој што зборувал Адам, и од Адама до потопот кога Бог ги разделил јазиците при вавилонската кула*: „Размешани беа јазиците.“
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Мораше да се мине и низ сиповската вавилонска кула, да се потврди граѓанството во неа со успешното и проверено знаење на два три странски јазици, покрај задолжителните домашни јазици.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се среќаваш во делови или во полна реконструкција со Вавилонската Кула, која дејствува помпезно и величествено и ве пренесува назад, во далечната историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)