Понекогаш по некоја вест ќе нѐ израдуваше, како кога стигна телеграма дека Софи, која три години пред тоа се беше омажила за фотографот Макс Халберштат и имаше заминато да живее со него во Хамбург, родила син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во три часот наутро, Чарлс беше сѐ уште буден во својата малечка соба.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Лили и јас будни во светот на соништата во духот небесен воскреснат на небесата.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Тој легна, но долго остана буден во темницата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Палигоров не рече ништо, а Донски продолжи: - Еве, на пример, каде не сте биле доволно буден во составувањето на предлогот: Оваа документација е од првокласно значење за нашата историја...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Една од тие воени зими беше најстудената што ја помнам; студот не ни дозволуваше да заспиеме навечер, па останувавме со мајка будни во мракот на приемната соба, тропавме со нозете по подот и триевме дланка од дланка да се згрееме, проговорувавме по некој збор, а потоа, кога ќе изминеше ноќта, кога ќе минеше утрото а ближењето на пладнето малку го ублажуваше студот, одевме секоја во својата соба и заспивавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)