Бугарското име меѓу Словените беше популаризирано од Грците и тоа првин ги означуваше само Бугарите – Монголите, после нивните воени сојузници, после бугарските поданици и најпосле стана етнографски термин за бугарските Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И само од последнава се оддели бугарскиот словенски народ, со името Бугари, наврзано на бугарските Словени од несловенските Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се довериме на првата теорија, т.е. дека Бугарите и Србо-Хрватите се преселија на Балканскиот Полуостров како готови одделни целини, тогаш се поставува прашањето до каде се простираа тие народности во времето на преселувањето и дали сите дојдени бугарски Словени останаа и досега такви или некој дел од нив се посрбија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За нив, врз основа на византиските историчари, особено на Константин Порфирородни,133 Шафарик вели дека тие беа населени со бугарски Словени што бидоа посрбени во 13 и 14 в.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)