броен (прид.) - семејство (имн.)

Како времето поминуваше, ѝ стана како ќерка.  Рашела беше дете од сиромашно смејство, што мајка ми, Евридика, бог да ја прости, ја зеде кај нас дома, да помага, по молба од татко ѝ, како најстаро дете во неговото бројно семејство за да работи и да печали.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговиот живот на наставник по стилистика со скромни примања и со бројно семејство што требало да го одгледува, втиснал печат на извесна меланхоличност врз неговиот поглед на светот и го принудувал на макотрпна продукција на книжевни дела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да поттикне бројни семејства да трагаат по видливите прекини на нивниот континуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Џемс ЏОЈС (Даблин, 1882 – Цирих, 1941), Ирска Ирски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)