Во бројни раскази од оваа книга („Лекција“, „My private Europe“, „Поглед од чекалница“) очигледна е, од една страна, авторовата носталгија по минатото кога меѓу Балканот и Западна Европа не постоел „ѕид од свила“(како што метафорички ќе каже тој на едно место), а од друга страна, неговата „ангажирана“ позиција и свест за горчливиот вкус на современоста; будното и секогаш на штрек фотографско око на Прокопиев загрижувачки бдее над овој наш „резервен живот“ „во простор каде е вообичаено ништењето на домовите и приватните достигнувања...“.
               
             
           
            
            
              „Човекот со четири часовници“
               од Александар Прокопиев 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Како возрасен граѓанин (на една постколонијална територија), продолжи да се раскрупнува, и натаму ја сака музиката и во поголем дел од времето е добродушен.
               
             
           
            
            
              „Човекот со четири часовници“
               од Александар Прокопиев 
              (2003)