Градот ја имал судбината да стане крстопат на многубројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)