Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овие владини мерки им создавале големи тешкотии на луѓето на Организацијата, коишто за снабдување со оружје ја ползувале и Грција, но, поради бројната емиграција и стремежот на бугарските државни фактори македонското движење да го ползуваат за свои цели, условите од Бугарија да се добива неопходната помош биле значително поповолни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)