Британскиот агент успеал да постави агент и во Гевгелија, а исто така бил во контакт и со групата во Порече. 59
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Заштитата на британските интереси во Кралството Југославија најде своја практична реализација со појавата на полковникот Дража Михајловиќ.21 Британските известителни служби и британската влада по окупацијата не располагале со податоци за состојбата на политичките сили во Југославија бидејќи нивната известителна служба била разбиена и пренесена во Истанбул и Анкара каде што бил формиран таен центар при кој се наоѓале голем број британски агенти со цел да се собираат информации за штабот на британските војски на Средниот Исток.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Уште во август 1940 година, на состанокот на поголем број британски агенти од повеќе служби, одржан во Истанбул, се дискутирало за ставовите на Бугарската и Југословенската влада во врска на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таа пригода се барало од Д/ХА да се дознае каков е ставот на Грчката влада за Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во разговорите со некои од протегеровистичките членови британските агенти заклучиле дека во нивните изјави немало ништо „ниту за македонските проблеми ниту сугестии за политичките qui pro qui и ние веруваме дека протогеровистите ќе работат против Германците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За таа цел биле ангажирани сите достапни британски агенти на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британците биле свесни дека за вклучување на протогеровистите во реализирањето на нивните планови тие сигурно би побарале политички отстапки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)