брз (прид.) - чекор (имн.)

Чанга со брзи чекори се искачи по басамаците, до татковата соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Однадвор пак се чу силно чукање. - Пеки, пеки!45) Сега идам, ефенди! - викаше домаќинот и со брзи чекори слегуваше по скалите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Проштевајте - почна збунето да се извинува домаќинот и да ги трие рацете...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата:  „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе ми паднат в рака... - го стутка книжето и со брзи чекори се упати кон училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го стиснаа под мишки Секула, кој снеможено се држеше на нозете, и со брзи чекори се упатија кон шумата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бојана чекореше со брзи чекори по патот што водеше кон Митревата куќа, стискајќи го в раце писмото тогаш дојдено од Америка, од нејзиниот Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со брз чекор влегува во собата и се устремува кон куферот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неколку минути штама, потоа низ зидовите допираат Фјодоровите псовки, па шумот на минијатурниот клозетски водопад.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор ја дига крагната на својот капут и со брз чекор се губи зад аголот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Надвор врне ситен невротичен дожд.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Помини го залезот со брз чекор, дојди...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа беше собата на дежурниот офицер - еден ситен човек што нервозно го сечеше малиот простор со брзи чекори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо прави неколку брзи чекори. Сега ништо нема да го запре.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зачестија брзи чекори по калдрмата на дворот и по ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не од внимание спрема Јанческите, да не ги навредат, туку за да не го скориваат злото, кое има чувствителни уши, лесен сон и брз чекор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И зашто така поругани и понижени поради Благуна се чувствуваат и сите жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кон собата се доближуваа непознати ситни и брзи чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тој момент слушна брзи чекори по скалите. Џулија бувна во собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На рецепционерскиот пулт еден од црнците го остави клучот, дојде до нашата маса, го потупна по рамото мојот пријател и заедно со другиот црнец и девојката со брзи чекори ја минаа бавчата на хотелот и влегоа во сиво ауди.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Малку се потскрив. Па потем, со брзи чекори, продол­жив. Улиците беа празни. Пусти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полковникот Бонети со брзи чекори се оддалечуваше да не го види некој.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се сврте и со испружена рака и брз чекор дојде до масата со телефоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истрча кон мене силно ме бакна право в уста и додека јас се освестив од убавото чувство тој со брзи чекори изчезна во темнината.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)