брз (прид.) - река (имн.)

Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Големите облаци отсекогаш биле разнобојни како фустаните од алпака, како постелата на Апу од кого душа си немаат ни снежните заклони, ни брзите реки кои се прават наглуви кога им велиш да запрат малку.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Чардакот, речиси виснат над брзата река која се влеваше во блиското Средоземно Море, се претвори во еден вид семејна читална.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Погледна кон небото што се темнееше од бурата. Погледна во брзата река. Го почувствува асфалтот под чевлите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)