Во моменти додека брзиот воз ја сече оваа рамнина, неусетно присакуваш селска идила, да се видат стада од овци или добиток.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дошол брзиот воз од Прилеп за Битола а Јован Акиноски и неговата придружничка, иако имале извадено карти за Прилеп, на него се качиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа се случило толку брзо и толку неочекувано, што тројцата железничари не стигнале дури ни да им викнат дека во погрешен воз се качуваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На една мала железничка станица, на која не запираа брзите возови, само таа слезе од речиси празниот воз и веднаш се упати по патеката покрај пругата, без да влегува во станичната зградичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
БЕШЕ ЕДЕН од последните овогодишни јануарски дни, кога со брзиот воз од Келн пристигнав во Франкфурт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)