При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Потоа ја оттргна мислата која му се стори како прокоба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тивко ја затвори портата зад себе, па отиде до нивната брачна соба и ја виде Гита и самата длабоко заспана, со раката по навика испружена и положена на неговата перница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ВАСИЛКА: (оди во брачната соба, ги извикува Антица и Николаќија и ги донесува пред кумот).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Како што одам кон брачната соба или , не знам, ѝ приоѓам на жената в кревет, минувам кај кујната,како да минувам и, таму, гледам едно куче и три мачки.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)