Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бев опседната со твојата смрт, од болното сознание, не дека умре, тука начинот на кој умре, со денови измачуван од болеста.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Втората, дополнителна но помалку веројатна претпоставка била изнемоштеноста на старецот а не болното сознание за сериозноста на пораките што се сметал за задолжен да им ги пренесе на идните поколенија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)