болен (прид.) - нога (имн.)

Господинот Гроздановски, предизвикан, сосема заборавајќи дека кучето не дозволува некој да го допре, ја пресегна својата десна рака и му ја стави дланката на темето на кучето од што тоа се размили накривнувајќи ја главата и навалувајќи ја неговата болна нога како да му е перница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се исправив од миндерот возбуден и збунет и се обидов да застанам на болната нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)