болен (прид.) - луѓе (имн.)

Дури ни систем што секому би овозможил да користи дрога, но само на клиника, не би ја елиминирал побарувачката за дрога од црниот пазар. Конечно, таквиот систем претерано би ги оптеретил лекарите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Голем број од нив сметаат дека нивната работа е да лекуваат болни луѓе, така што не би биле спремни да препишуваат потенцијално опасни дроги дури ни на пациенти кои го сакаат тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Околу гробот на свети Наум полегнати се болни луѓе, сакати, слепи, неми и му се молат на чудотворецот да им помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)