Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Што ќе стане, значи, ако божјата Љубов, која никогаш не може да биде „апстрактна“ туку само „конкретна“, во нашиот атомарен свет наеднаш стане невидлива?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)