божји (прид.) - благодат (имн.)

Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Божја благодат се изли низ устата негова и затоа го благословил Бог за вечно.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Затоа низ неговата уста се изли божјата благодат, како што кажал премудриот Соломон: во устата на премудриот влегува вдахновение, тој носи закон и милост на јазикот, со него ги врзува злословните усти на еретиците.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Се чудеше чаршијата на чудото Божје, се чудеше на Божјата благодат, зашто такво нешто нема да проговори, глува да прослуша, не беа ни чуле ни виделе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)