бодликав (прид.) - жица (имн.)

Долг ѕид од потсушени и зелени гранки. Под нив бодликава жица. На неа налетуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем не виде дека половината вод вчера ни остана обесен на бодликавата жица?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На тоа место беше неможно да се влезе, освен по службена работа, па и тогаш само провлекувајќи се низ цел лавиринт од клопчиња бодликава жица, од метални порти и од скриени гнезда за пушкомитралези.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Границите, налик на нивната бодликава жица, се глупави. Осаменоста бара нешто поголемо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што да правам со него?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во цевката за мокрење вовлекувам бодликава жица и полека ја вртам обидувајќи се да го исечам нервот. (Брус цитиран кај Klocker 1989:118)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со жилет ја разрежувам аортата. Во увото забивам голема шајка. Главата во должина ја сечам на два дела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека границите, засилени со бодликава жица, не пропуштаа ни пилиња преку нив, писмата сепак пронаоѓаа пукнатини преку кои се провлекуваа и стигнуваа до секое катче на земјината топка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И рамнинката лево од патот - оградена е со ’рѓосана бодликава жица на која виси подгниена штица со натпис – „Минско поле!“
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паркиравме скраја од патот и скаменивме чекор пред високата бодликава жица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам, се искрадувавме под бодликавата жица и крадешкум влегувавме во нив низ отворените прозорци без стакла. Внатре пустелија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Внимавај на бодликавата жица“, му довикна додека се оддалечуваше по бетонската патека.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)