Кога човек се збогува со близок во својата душевна длабина алхемиски се бори, да ги оживее блиските и далечни спомени, да го поврати изминатото време со саканиот исчезнат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Х.Х. не успеа да ме исфрли од тишината ни при најголемите провокации, филувани, одвреме-навреме, со неумесни комплименти, со алузии на моите блиски во Албанија...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Голема плата, вработување на блиските во државната администрација, место на бината до генералот Стојан за време на државните свечености.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затворањето и мачењето на блиските во затворите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа не беше свесна дека кај многумина од бегалците, кај оние што оставија некој свој близок во рамната земја, напика мисла што рие како црв во нивните глави дека кога тогај нивните мртви мора да се преселат во нивна близина - тука, во Македонија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сум си го испланирала животот сѐ во реални детали: ќе завршам фармација, ќе станам аптекарка а секој сака да има барем познат ако не близок во аптека, за зло не требало.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дед Павел беше и премногу умен за да не си го постави барем еднаш она обично прашање: па зошто таа, ако е жива, самата не им се јави на неговите блиски во Русија?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од која причина самата себеси решила да се загуби.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
ЛУКОВ: (Изненаден и испитувачки.) Па... Вие, ако не се лажам, сношти рековте дека немате никој свој и близок во Софија?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Трагичното се состои во прилогот
што го пружаме лично и свесно
кон несреќата, наша и на другите
особено љубените
Господине, но
смртта има своја предисторија
и може да се посматра во развој:
рано во детството се огласува
во лажните утехи за починот на блиските
во ветувањето дека се отсутни само привремено
и дека ќе се вратат
- тогаш зборот враќање
ги почнува своите преобразби -
во криењето, небаре од урок
на ожолтениот портрет на покојникот
оти и памтењето е враќање
безгласно како самрак;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)