близок (прид.) - човек (имн.)

Деница немаше близок човек на кого би можела да му се довери, а синот Ѓоко беше премал да му каже такво нешто, за што никогаш не би можела да си прости.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А Анатолиј му беше близок човек на татко ти, иако не како дед Павел. Само што Анатолиј возеше автомобил.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Барем онолку да ја засакаат колку што се сака друг, добар, близок човек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веројатно и Анатолиј немаше да дозволи неговата сопруга да ја премине границата што може да ја доведе во прашање и неговата врска со Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа фактот дека Рајна е жена на пријател; добро, ако не на пријател тогаш барем на близок човек на семејството; и трето, она најважното: Ролан беше припадник на една група луѓе што беше прилично меѓусебно поврзана а средбите помеѓу овие луѓе беа многу чести.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Круме Волнаровски ѝ беше единствениот близок човек на кој можеше да му се довери и да му се предаде целосно, особено во оној дел од денот во кој, откако тој се разведе со Роза, го минуваше во неговиот стан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)