близок (прид.) - кој (зам.)

Неговите блиски кои останаа во земјата, преобратени од христијанската во муслиманската вера, без да ја доживеат лаицизацијата на која можеа да сметаат нивните блиски заминати во Ататуркова Турција, сталинизмот насилно ги „лаицизира“, ги стори поданици на првата атеистичка држава во светот!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А што да речеме за двајца блиски кои независно еден од друг започнуваат исто размислување. . .
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога поигрувањето се претвораше во измачување, Клара го прашуваше доктор Гете: „Зошто го правите ова?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тие игри беа измачувања, кога доктор Гете ги негираше исказите на оние пациенти кои опсесивно зборуваа за блиските кои ги загубиле, или кога на Ханс, кој секогаш кога ќе го слушнеше зборот „зошто“, удираше со главата од ѕидот, упорно му го поставуваше прашањето: „Зошто удираш со главата од ѕидот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)