ближен (прид.) - свој (прид.)

Во сета своја љубов кон нив како кон ближни свои, тој сепак ги гледаше такви какви што беа – неписмени селанчишта, мрзливи рибари, превртливи и дволични во своето однесување како Петар со кого тогаш во Антиохија толку многу се испокара.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се надевам нема да ми го кажете убоитото “Затоа што го љубам ближниот свој”, иако знам дека и тој тип на светоглед не ви е далечен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
КОГА Е СЛОГА во домот милно му е и на ГОСПОДА! ЉУБИ ГО БЛИЖНИОТ СВОЈ - ТА ГОСПОД ДА ТЕ ЉУБИ! * * *
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)