Нема емигрант што не го памети својот прв Божиќ во Новиот Свет: блескави излози со шарени украси со убави предмети со згодни продавачки со мајки и деца со големи ќеси со весели насмевки со дедомразовци што демнат на секој чекор...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Изнајмуваш шлепер од десет метра (парите повеќе не ти се проблем!), ја оставаш својата проштална порака на својот ај-под (најнов модел, со опција за снимање звуци и гласови!), полниш гориво до врв (кога Мехмед бил циција?), па со покличот „Алаху акбар!“ се залетуваш и се забиваш во блескавите излози со шарени украси со убави предмети со подмолни пакосни пеколни дедомразовци...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)