Ги реди спомените и станува бледа сенка, и во денот и ноќта...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Завесите пред полуотворениот прозорец затреперија, му се причини една бледа сенка минува меѓу нив и се спушта во градината.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Понекогаш, резултатот беше бледа сенка на господарот од метрополата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ти останав в раце само јас, бледа сенка на една полицајка која долго и, сега ми е сосема јасно, наивно се воодушевуваше од твојата ароганција на полицаец и маж.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Стана, ми ја фрли перницата в лице, направи неколку чекори кон прозорецот, застана и пак се врати кон креветот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Вие бевте само бледа сенка на мажот што го сакав.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Страв дека сè што дотогаш учел и сè што сакал да научи било само бледа сенка на Вистинското Знаење, оти тогаш сфати дека ова не доаѓа со познавањето на историјата, на законите и на обичаите, туку со Спознанието.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Патот сѐ уште мириса на синоќешниот дожд, додека исчезнуваш во светлината. некаде пред последниот чекор, твојата бледа сенка се смири знам дека ме гледаш.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Сонот е тогаш бледа сенка на животот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше само некоја изгасната невидливост, некоја бледа сенка, се кончеше во кночки свилени нишки од зад сите стебла, надоаѓајќи, празноока.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја настигнува дури на патот, далеку од црната контура на зградата што доаѓаше како бледа сенка низ белите пасамка што се точкаа сѐ уште од небото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)