блажен (прид.) - сон (имн.)

Немиот плач се претвори во лелек, слаткиот блажен сон во сурово јаве. Не беше тоа Рада од пред неколку часа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туширање (ај, кога веќе сме голи). Блажен сон или кратка пауза. Нешто слично како по напишана песна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Навечер заспивав спокојно, со некој чуден, блажен сон од кој долго и тешко се будев или не сакав да се разбудам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Понекогаш, во длабините на тој занес, му се чинеше дека затаено го наслушува животот на сиот свет во кој, како што сè повеќе се уверуваше, сите деца на светот спијат толку спокоен и блажен сон во оваа долина на среќата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеби првпат по многу непроспиени ноќи, вечерва таа ќе си заспие со блажен сон? Не бери гајле...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)