Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Чекаше и чекаше, но од паѓањето во благ сон кој требаше да биде знак дека смрзнувањето започнало, ништо.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Го совладуваше благ сон на кој, свесно, не сакаше да му се препушти.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ќе се свијам во нејзиниот скут и ќе го слушам срцето како спокојно ми бие и како полека зајдувам во благиот сон на спокојството.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Играше, трчаше, скокаше Потоа легна и си заспа како дете, Бог благ сон му даде под ѕвездите - И сега слатко си сонува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Го нема на оваа страна каде што легна синоќа, а добро знае дека тука легна и дека пред заспивање ја пикаше во своите пазуви од што ѝ се рашири една леснотија по снагата па спиеше со благи соништа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)