Татко, за миг, благиот поглед го пренесе кон Мајка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Има една кревалка пердув лесна и памук мека која крева само со медени допири и благи погледи која наизуст ја знае тајната на цутењето на сите цветови и која од безумието прави поднослива болка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сигурно ќе најдеше вистински мигови кога со благиот поглед, сигурно ќе ја смири и открие тајната за тоа што бараа сталиновите среде светите книги!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мил боже, нѐ пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Татко ми загадочно молчеше, трпеливо ја смируваше со благиот поглед на своите сини очи, од кои секогаш зрачеше надеж.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Очекувавме, како секогаш кога ни беше тешко во животот, утеха од неговиот благ поглед, од тоа блажено синило на погледот што смируваше, оддалечуваше од тешкото време.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И Чанга беше среќен. Тоа го изразуваше со својот широк и благ поглед, како човечки зрак кој допира до душата...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сакаше да го потсмири со благиот поглед. Но, тоа не беше доволно.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко стана, го прифати подавалникот, упатувајќи го благиот поглед кон Мајка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со благиот поглед, од кој секогаш зрачеше тивка енергичност, рече: - Сестро Воскресија, нашата куќа е и ваша, а вашите пријатели в куќи, се и наши...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таа, за миг, нѐ опфати сите со благиот поглед, па го запре на синот партиец и му рече јасно: – Не грижи се, сине, како ќе се однесувам на границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ме гледаше долго, со својот благ поглед, небаре заминувам засекогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нѐ следеше сите со благиот поглед.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)