Извидничкиот одред составен од триесетина извидници, шаторите ги поставија во една костенова шума, која за цело време на нивниот престој, ширеше благ мирис на смола и темјан.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Наоколу сѐ брзо се измени - сенките го покрија и последното парче на сончевата светлост, земјата се заниша и стана мека постела, од далеку допре благ мирис на сено.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дури и очните јаболка им испуштаа некаков особен, благ мирис.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа есенско утро, кога низ воздухот се носеше благиот мирис на зрели јаболка и круши, Султана стана порано.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)