благ (прид.) - израз (имн.)

Во Татковиот благ израз на лицето, Мајка можеше веднаш да ја прочита пораката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во својот живот, Татко постојано го задржуваше благиот израз на лицето со кој можеше да разоружа секаков натрапнички и однапред пресметан потег.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, висок и строен, со исправена става, со вечно благ израз на лицето, и нискиот по раст Камилски, видливо слаб, но со цврст и жив израз на лицето, чекореа по кејот на реката, упатени кон Камениот мост, како балкански Дон Кихот и Санчо Панса, понесени од нивните ветерници зборови, со ислужено значење, но цврсто вкоренети во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се дополнуваше и со благиот израз на лицето, со последните атоми на неговата блага енергичност, низ неколкуте подвижни мускули и нерви што му остануваа верни докрај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лакхдар беше висок, со тенка става, широко чело, бујна кадрава коса.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, две години пред историскиот настан, по ништо не можеше да се наслути дека овој тивок, црномурест, млад човек, со сјајна црна коса и благ израз на лицето, ќе ја сврти судбината на Тунис, внесувајќи ја земјата во нова ера, пред опасноста земјата да го изгуби цивилизацискиот континуитет до кој дојде Бургиба. Но за тоа подоцна!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше благ израз, со постојана насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ја крена главата од отворените книги и, со вечно благиот израз, го прифати загрижениот поглед на мајка ми. – Прости – започна веднаш мајка ми – што те вознемирувам во оваа доба. Морав.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А потоа подавајќи му рака на гостинот со благ израз на лицето му рече: - Чест ми чините господине Лозински што ми дојдовте в куќи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За нас, децата, Мајка си ја задржа, до крајот на живо­тот, таа ведра насмевка, тој благ израз кој нѐ штитеше, нѐ смируваше во судирите со животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, некогаш висок, со цврста и стамена става, со енергичен и строг поглед, сега беше видливо ослабен, подвиен од товарот на годините, предвреме остарен, со постојано благ израз на лицето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)