Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од благиот занес ме тргна громкиот глас на задоволниот А.А. од својот ревносен соработник К.К.: - Гледате, другари, како земјата се ослободи од најголемото зло во историјата: католичката религија длабоко вкоренета во душата на нашите луѓе!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од благиот занес го оттргна гласот на Игора Лозински, кој го повикуваше да го види преостанатиот дел од колекцијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Од благиот занес, од мислите свртени кон изгубениот рај на детството, ме прекина благиот глас на секретарката: - Се јавија од кабинетот на Јасер Арафат. Ќе ве прими утре...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)