бистар (прид.) - ум (имн.)

Без медот, првиот земјоделец не ќе закрепнеше и не ќе посееше жито и луѓето не ќе имаа леб.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во овој свет сум само уште еден проклет смртник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега здрав и со бистар ум, се прегнал во рало. Изорал малку земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак, за ваквата препреденост е потребен и бистар ум кој вози преко „сто на саат“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со не така бистар ум и замаглен поглед ќе го зграпчам и ова утро како секое претходно залудно поминато и секое наредно што без траг ќе помине, без совест ќе ме одмине.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јагулче имаше бистар ум и на него сè се лепеше што му беше од полза, особено кога беа во прашање водите или електричната енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше трудољубив, со бистар ум, храбар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)