бисерен (прид.) - ѓердан (имн.)

XXV Ноќта веќе беше спуштена над Езерото. Се палеа светилките околу Езерото како голем бисерен ѓердан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нагледно им покажуваат дека во Охрид ѕвездите не се само на небо, ами и во песната за Деспина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На момичињата им ветуваат дека на свадба, машала, ќе ги даруваат со бисерен ѓердан, што ним им ги дарувале нивните мајки, а на нивните мајки пак нивните мајки. Охридските мајки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гледам на телевизија реклама за гердан, тие најмногу ме смируваат, и на местото кадешто треба да биде бисерниот ѓердан за само 65 долари - гледам пресечен грклан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)