И на птиците - еретици, помислувам, кои слетуваат право во пазувите на жените и во нив заспиваат како во библиско горје.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кон залез на птиците помислувам кои ја исполнуваат квечерината на Париз со едно високо це, со огнена и портокалова светлина како од времето на Матеја кога ги пееле псалмите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Таму им беа нивните Библиски гори во кои наизуст ја учеа песната на Суламка: изнемоштувам од љубов, возљубен мој, трчај скокајќи преку ридови и гори и дојди, положи ме како печат на срцето твое за да доизгорам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)