бетонски (прид.) - ѕид (имн.)

Вулкански темперамент затворен во бетонски ѕидови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму каде што би требало да има стакло - има мермерни или бетонски ѕидови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Седнавме на бетонскиот ѕид што го дели морето од копното.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Шеталиштето полека се празни. Месечината фати пат поназапад, се чини дека ѕвездите пребледнуваат, а на клупите и на бетонскиот ѕид се уште во топла прегратка траат ненаситени вљубеници...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Високи потпорни бетонски ѕидови и на нив со широк замаф испишан е црн графит: “11-12 февруари 1949“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја нарекуваат Сала на сведоштвото: темница, студени немалтерисани бетонски ѕидови, познати снимки што се емитуваат преку мониторите, расфрлени по просторот, во таа средина стануваат омразени дури и за рамнодушните и оние “без предрасуди”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
При излезот, кога ќе ја стави во компјутерот, од извештајот што го добива, дознава дека бил еден од стотиците илјади коишто по посетата на тушевите не ја видел светлоста на денот. чувството дека си преживеал по некоја случајност, е скоро неизбежно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заедно со влезницата, секој посетител добива привремена лична карта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)