бетонски (прид.) - патека (имн.)

„Тебе ти викам! Слушаш - змијарник! Вчера беа од дератизација! Немој да се оддалечуваш од бетонската патека!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од двете страни на бетонската патека што води до влезната врата на двокатната куќа, во два редови - расцветани тренданфили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се протна низ подотворената заглавена железна врата, ја изоди излоканата бетонска патека до влезот, ги искачи неколкуте скали до влезната врата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Внимавај на бодликавата жица“, му довикна додека се оддалечуваше по бетонската патека.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)