Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Човекот ќе биде бескраен и бесконечен, како што вселената е бескрајна и бесконечна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)