бескраен (прид.) - благодарен (имн.)

Ја чувствував нејзината загриженост, како некогаш мајкината, опсесивно обземена од запрашаноста дали ќе има војна. 8 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Палестинското прашање првин се маргинализираше во земјата која ја претставувув, тогаш сета во грч од силните внатрешни националистички и дезинтегративни детонации, зајакнати и од почетоците на крајот на биполарната епоха...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ви ја искажувам повторно мојата бескрајна благодарност за вашата солидарност и блискост во овие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немав достојни последни зборови кои можев да му ги упатам на Арафат при крајот на мојата дипломатска мисија како прв амбасадор во малата држава Палестина во Тунис, но повеќе тоа можеше да биде лично ветување: - Почитуван Претседателе Арафат, драг пријателе, ја изразувам бескрајната благодарност на мојата Мајка до палестинските Мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)