бел (прид.) - и (сврз.)

Лисјето на костените ѝ ги милуваат белите и светли влакненца додека како кралица поминува низ зелените сенки на лисјето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Листот бел и празен, без ни една црна буква на него, но јас не го ни забележувам сосема тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Црвеното - белото - црното како основна компонента во составот на светот (?): Во културата на Тера Амата (ок. 23.000 год п.н.е.) е забележана истата тријада со потврдена сакралност во таа култура и карактеристична (не само на визуелен план, од аспект на впечатливоста на боите во оваа комбинација) сосем можно, за homo sapiens воопшто, што делумно се потврдува со сликарството на горниот палеолит; освен тоа: некои римски обреди, во кои на боговите од трите видови им се жртвуваат животни со црвена, бела и црна боја на крзното; некои хетитски ритуали за повикување на духови (духовите се појавуваат од црвениот, белиот и синиот пат). куса забелешка: модро - сино - плаво: Словенското „модар“ генетски корелира со литовското madaras со значење на „нешто валкано, нечистотија“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Надвор сѐ беше бело и тихо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чичкото ги зема китките. Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ја завлеков раката в пазуви и извадив парче бела и тврда хартија со црвени букви. - Што е тоа?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рацете ѝ беа бели и набожни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вчера нацртав една многу голема, доста ретка ноќна пеперутка што ја викаат мртовечка глава, со колорит со зачудувачка префинетост, црна, сива, нијансирана бела и со кармински одблесоци, или сето тоа магливо се врти околу маслинозелената боја; многу е голема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За да ја насликам, требаше да ја убијам, а тоа беше штета, животинчето беше толку убаво… “.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот беше млечно бел и млечно неодреден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури есента, кога тргнуваа да си одат назад, кон дома, со сите кираџии, што ги товарија нивните алати и сѐ друго нивно од бараките, а зад себе оставаа една нова петокатница во градот, неа можеа сега да ја гледаат и да бидат задоволни од тоа каква беше бела и воздушеста, дури есента, кога го оставаа тој град, разубавен со уште едно нивно здание за векување, тој бел град некаде по белиот свет, по нив се забра и еден испокинат младич, кој по многу нешто личеше на сите деца, што се среќаваат по станиците, бос и сам, држејќи го постојано растојанието меѓу тајфата и себе толку големо за да не може да го достаса никој, кога би се пуштил назад да го фаќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа добри, средни компири од едно добро семе, бинте, што успеваше одлично во планинската земја, бели и трошни кога ќе се испечат, но го зачуди тоа што ги имаше толку малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа го донесе разденувањето, кое сега беше бело и преполно со некаква чудна заискреност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По тоа небо, како јадри, развиорени искри, како сега полетани искри од некој развален огон некаде зад источните планини, бели и јасни речиси пред неговиот поглед се растегнуваа утринските ѕвезди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зарчето се сепнува од опојот на своето вртење околу себе, подрипнува и стивнува, квадратесто, бело и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговите бели и куси трепки не можат да ја сокријат празнината во жолтите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледан отстрана, неговиот бел и смело извиткан лак изгледаше секогаш одвоен и секогаш сам, а го изненадуваше патникот како необична мисла, заталкана и фатена во карпите и во дивината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човекот беше испотен, а од Дрина доаѓаше студен ветар; пријатен и чуден беше допирот со топлиот изделкан камен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги виде нивните цицки, бели и налегнати како пресен леб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Богдан, бидејќи беше кротка, со задоволство ја негуваше пудлицата која имаше бело и кадраво крзно како јагне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Убавите бели и црни мермерни крстови одвај се наѕираат низ шибјето, а надгробните плочи не се ни гледаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Црвени, бели и сини ракети меко согоруваа во врелиот воздух, згаснувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја шетаат тие со расклатениот џип цела Албанија и подобро им е да го голтаат белиот и црвеникав прав, отколку да гинат на Грамос или на Вичо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Господе мили, кога се вратија, господе мили, кога се вратија, Богородице девице, бели и свежи, румени, убави.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледам тело свиено и рането, а ги видов и тие усни со горда и мрачна насмевка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На прозорот од стариот дом гледам солзи, гледам лице бело и уморно. Очи натежнати од товарот на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога објаснуваше некоја задача, плунка му се лепеше за десниот заб и му се фаќаше за долната уста, и како што зборуваше, така плунката, упадливо бела и пенеста, му се тегавеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Настапи ритмичката секција - девојчињата во бели и црни трикоа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На обата брега се покажуваа двата клучни облици на медитеранската екстаза низ светлината на белото и црното сонце, како синтеза на универзалниот трагизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со оние нивни нежни сини, жолти, бели, жолтеникаво бели и беличесто жолтеникави, црни, црни натопени со црвено, тие нивни семсекакви меки бои под кои крилото е пастелно исцртано со едноставни шарки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојдоа до брегот, а до таму се протегаше десниот ѕид, ја најдоа патеката со пресно втиснати стапалки во снегот и внимавајќи да не се слизнат во развревената вода, стигнаа до вратниче од бели и нови штици. Тропнаа на неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сѐ е бело и составено од него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коста бил убаво момче: среден по раст, бело и тркалезно лице, со црни очи и коса.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)