бел (прид.) - долг (прид.)

Живите светови околу нас Старецот ја погали својата бела долга брада, седнувајќи врз тревата така лесно, како лесен пердув да се спушти врз зеленилото и се задржа врз него со леснотија без да пропадне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе ми бидеш книга, мој паметен Августо, во златното жито што со срп ќе го жнеат селаните во бели долги облеки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓе облечни во бели долги кошули се движеа во круг испуштајќи необични звуци во испресечен ритам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога стигна до триесеттата, тогаш ѝ се пристори дека една од нив се заниша, се оддели од другите и онака бела од снегот, стројна во сета својa висина и убавина, со гранките спуштени надолу и целата во бела долга руба со небројни мали светленца кои болскаат толку, што ослепуваат очи, тргна кон неа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)