бел (прид.) - снег (имн.)

Возот влегува како меѓу намети бел снег, наврнат на јаболкниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само на местото каде што Бојан расчистуваше со лопатата, тоа избиваше од снегот, правеше вирче од кое пиеше стоката и пак така, бесшумно понираше во белиот снег, истечувајќи по некои потснежни патеки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црната сенка отскокна врз белиот снег, испуштајќи стравотен рев, па брзо, меткајќи се лево-десно почна да се повлекува назад.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)