бел (прид.) - рум (имн.)

На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А мене совршено ми е јасно дека секој којшто се напил чашка бел рум со Хемингвеј сфатил дека и со стар харпун се фаќа нова риба ама кога-тогаш ќе стане старец без море.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)