бел (прид.) - погача (имн.)

Носи котел со тригодишно вино и бела погача просечена на среде со црковен крст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка отскрива бела погача, ја удира и ја гребе од жарчињата, ѝ ја дува посопта и ја сече.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дваесет дни бил болен јунакот, дваесет дни го лекувале со тешки вина и со бели погачи најубавите девојки...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зеде ситото и со него иссеа бело брашно, после замеси и испече бела погача.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мирис на восок на фитил и штотуку испечен леб - бела погача; мирис на темјан и јаново цвеќе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
АНЃЕЛЕ: Е, штом така ќе сме јаделе бела погача од ново жито.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)