бел (прид.) - кафе (имн.)

Откако набрзина испив неколку голтки од белото кафе, продолжив: - Јас сега морам да одам во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги изеде двата кроасани потопувајќи ги одвреме-навреме во големата тркалезна шолја исполнета со бело кафе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го вареше утринското бело кафе, цедеше лимони и портокал, нашата вечна напивка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски се насладуваше на својот стандарден појадок: свежо печени кроасани со бело кафе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)