бел (прид.) - влакно (имн.)

На вратата од станот ги пречека Саво, убав строен маж, на кој белите влакна му даваа посебен шарм.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Влакната беа темносиви, на перчето немаше ни црни, ни бели влакна, ниту пак имаше црвеносиви влакна од лисица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На вратата се покажа женче во години, со мало, тркалезнообразно лице, кус врат, облечено во црно, со коса на патец, малку разбушавена и прошарана со бели влакна, во џувка собрана на вратот. Ништо не му рече на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме гледаше и тој, гледаше во мојата коса во која почнаа да се појавуваат и првите бели влакна, и само повторуваше: „Ништо, ништо не е тоа; тоа е само времето во твојата коса.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Црна, ме прекина Пенчо. - Ниедно бело влакно. Можеш ли? - Ќе видам, реков.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш имаше многу магла и гласовите тешко им се пробиваа низ пасамката бели влакна, а сега нема толку магла, ама има тенки и скоро невидливи сиџимки дожд низ кои исто така тешко се пробиваат гласовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)