Во својот извештај до Каиро ќе истакне дека “меѓу Албанците, Југословените и Грците постоеше големо пријателство, но недоволна доверба“ и дека е “очигледна детерминираноста да востановат по војната независни режими, без покровителство од која било голема сила“.83 Исто така за време на овие разговори Темпо ќе побара од Маерс да побара од Каиро еден безжичен апарат за да може ГШ на НОВ и ПО на Македонија да воспостави контакт со ВШ на НОВ и ПО на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)