Таа, на секои три или, пак, на секои шест месеци – склучуваше т.е. го продолжуваше договорот за работа на определено време со нејзиниот работодавач.2 Инаку, претходно, веќе имаше остварено повеќе од 13 години работен стаж во печатница – којашто, во неуспешната транзиција, како и многу други велешки претпријатија, отиде под стечај и повторно не проработи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сигурно уште покукавички и од она заскимтено молење, со кое се одзва притивнато и колку што се може понечујно и неговиот мршар во близината, која не можеше да остане безгласен во таа морничава химна на гладот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)