Исто така, рокот во кој невработеното лице е должно да го извести Заводот за сите промени што влијаат на стекнување или губење на правата е намален од 15 на 8 дена, а покрај тоа е додадена и одредба според која при злоупотреба на правата кои ги ужива не- вработеното лице Заводот има право да бара враќање на исплатените средства со банкарска камата на средства по видување (чл. 13, ЗВ и чл. 82, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Предвидена е и обврска, во случај да ги отпушти работниците кои ги вработил по основа на овој закон пред истекот на периодот предвиден со овој закон, работодавецот да го врати износот на надоместените средства во еднократен износ со банкарска камата на средства по видување, освен за бројот на починати работници и работници на кои им престанал работниот однос по сила на закон (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работниците кои ќе ги вработи со- гласно одредбите од овој закон работодавецот е должен да ги задржи на работа најмалку двојно повеќе од времето за кое користел надоме- стување на средствата за придонесите на плата (чл. 6), а покрај тоа, во случај работодавецот да го намали бројот на работниците под бројот при кој почна да ги користи поволностите од овој закон, должен е да го врати износот на надоместените средства со банкарска камата на средства по видување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавецот кој ќе го прекине работниот однос на инвалидното лице или средствата 106 ги добие врз основа на неточни податоци е должен во рок од 30 дена да ги поврати целосно средствата заедно со банкарската камата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)