балкански (прид.) - ѕид (имн.)

Токму тука се креваше најголемиот балкански ѕид на стравот и на проклетствата, ѕидот на апсурдот и на глупоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде, кутрата, на за­копот на нашиот најстар брат, само така можеше да ја добие црвената виза за да го мине балканскиот ѕид кој Мајка го мина со иста таква виза, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, Мајка мина од другата страна на балканската граница, го мина големиот балкански ѕид... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Границата се креваше како дел на големиот балкански ѕид. Ни птица да го надлета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)