Бев посебно пленет од страниците на овој филозоф кој ја беше промислил суштината на излезот од балканското варварство!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја имав со себе малата книга, есејот Историја и утопија од францускиот филозоф и есеист од романско потекло Емил Сјоран (Histoire et outopie, Gallimard, 1960).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во животот на Татко читањето можеше да се смета за свет чин, можност за излез и спас од балканското варварство и проклетство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)